Словенија нема разбирање за одлуката на Приштина да наметне такси, рече словенечкиот претседател Борут Пахор во интервју за „Блиц“. Пахор изјави дека Словенија го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина, бидејќи не гледа алтернатива.
-Сите мислат дека колку е полоша ситуација во меѓународната заедница, толку е поголема можноста за конфликт во Западен Балкан- рече Пахор, додавајќи дека постои одговорност кај политичарите кон идните генерации.
Пахор изрази задоволство од развојот на пријателските односи меѓу Словенија и Србија и истакна дека денес постои заемна доверба, почит и соработка.