Регион 25. март 2020. / 13:09

Словенија нема да воведе полициски час: Граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат препораките

Словенија нема да воведе полициски час: Граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат препораките

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Алеш Хојс, изјави дека засега во земјата нема да бидат воведени нови рестриктивни мерки за движењето на граѓаните.

Генералната оценка на властите е дека Словенците се дисциплинирани и ги почитуваат препораките за ограничување на движењето, така што потребна од дополнителни забрани, засега нема. Предлогот на армијата да и се дадат полициски овластувања исто така е ставен во мирување.

– Во овој момент предлогот на армијата да и се дадат полициски овластувања со цел справувања со последиците од коронавирусот е повлечен. За тоа ќе треба да разговараат сите пратеници – изјави Хојс.

Претседателот на државата Борут Пахот веќе соопшти дека ќе поддржи активирање на армијата, но само во делот на поефикасно чување на границите.