Словенечката влада објави дека ги одобрила почетните средства за лансирање на два сателита проектирани во Словенија , кои би биле испратени во вселената првата половина следната година со ракетата Вега.
Станува збор за микросателитот Nemo HD , кој го развија словенските инженери , за што 85 проценти од средставата ги обезбеди ЕУ , а 15 проценти од буџетот на Словенија.
Сателитот со тежина од 65 килограми , ќе ја снима Земјата на височина од 600 километри , ќе биде дополнување на европскиот сателитски систем ,,Коперникус” , а ќе обезбедува податоци за потребите на урбанизам , екологија , земјоделство , шумарство и транспорт.
Владата на Словенија за финансирање и лансирање на сателитот обезбеди 830 000 евра , а од почеток на проектот до неговото упатување во вселената трошоците ќе изнесуваат вкупно 2,3 милиони евра.
Проектот се реализира како дел од Европската вселенеска агенција.