Словенија наредните години планира да потроши речиси 400 милиони евра за набавка на нови оклопни возила како дел од процесот за модернизација на армијата.
Станува збор за поголем инвестициски циклус вреден 780 милиони евра, а средстава треба да се потрошат во период од неколку години, односно од 2021 до 2026 година.
Според плановите на Министерството за одбрана, покрај оклопните возила во овој период треба да се набават и два воени хеликоптери и еден транспортен авион. Дополнително предвидено е да се потрошат 65 милиони евра за логистика и медицинска опрема, 65 милиони за ракетни системи и 40 милиони за информатички системи потребни за армијата.
За реализација на инвестицијата словенечката Влада веќе подготви и посебен Закон кој веќе влезе во собраниска процедура.