Државниот збор на Словенија, во четвртокот донесе одлука минималната нето-плата да не изнесува помалку од 667 евра.
Словенечкото Собрание со ниту еден глас против го измени законот за минималната плата, според која најмалку дозволениот нето-работен приход за полно работно време од почетокот на следната година ќе изнесува 667 евра, наместо сегашните 637 евра.
Предлогот беше на Левица, со поддршка на партиите од владејачката коалиција, и беше потврдена со 56 гласови за и ниту еден против, иако работодавачите имаа правни забелешки за овој предлог-закон.
Новиот закон за минимална плата, исто така, предвидува динамика во која ќе се зголеми на 700 евра во 2020 година.