Регион 13. март 2020. / 10:16

Словенија ја затвори границата од Италија и за товарни возила

Словенија ја затвори границата од Италија и за товарни возила

Словенија ја затвори границата од Италија за влез во Словенија и за товарни возила, освен за оние чија крајна дестинација е Словенија.

Сите странски товарни возила што се во Словенија треба во најкраток рок да ја напуштат земјата.

Ова значи дека целиот транспорт на стока кон Македонија од тој дел на Европа (Италија, Франција, Швајцарија, Велика Британија, Шпанија) сега е во прекин.