Регион 16. ноември 2020. / 23:47

Словенија ја продолжува состојбата на епидемија до 17 декември

Словенија ја продолжува состојбата на епидемија до 17 декември

Словенечката Влада денеска донесе декрет да ја продолжи прогласената состојба на епидемија на Ковид-19 за уште 30 дена, односно до 17 декември, бидејќи бројот на заразени и хоспитализирани од коронавирус и понатаму е над дозволените, пропишани услови за укинување.

Одлуката стапува во сила од 18 ноември, се наведува во владиното соопштение.

Сите словенечки региони потврдиле дека бројот на новозаразени го надминал бројот кој е потребен за прогласување епидемија.

Според важечките прописи во Словенија, доколку во период од 14 дена просечниот дневен биланс на новозаразени изнесува 140 или повеќе на 100.000 жители, 250+ хоспитализирани и 50+ на интензивна нега, се создаваат услови за прогласување епидемија.

Официјалните податоци покажуваат дека просечниот дневен број на новозаразени е 922, бројот на болнички приеми 1.264 и бројот на пациенти во интензивна нега изнесува 205.