Регион 05. декември 2018. / 17:41

Словенија ја критикува граничната контрола на Австрија

Словенија ја критикува граничната контрола на Австрија

Словенечкиот премиер Марјан Шарец во Виена, за време на неговата посета на Австрија, ја критикуваше граничната контрола меѓу двете земји, додека австрискиот канцелар Себастијан Курц го бранеше продолжувањето на мерките.

Шарец на заедничката прес-конференција, рече дека мерките се непотребни.

– Словенија нема ништо против граничните контроли кога е потребно. – додаде тој по состанокот со канцеларот Курц.

Шерец истакнува дека контролите помеѓу Австрија и Словенија не се неопходни бидејќи Словенија ја контролира границата со Шенген.

Тој посочи дека Словенија, како и Австрија, се залагаат за подобра заштита на надворешните граници на ЕУ.

Според него, контролите во ЕУ создаваат чувство кај Словенците дека не им се верува.

Канцеларот Курц, пак ја бранеше одлуката на Владата да ги прошири граничните контроли, кои беа ограничени до 11 ноември, за уште шест месеци.

Тој рече дека поради неколку фатални погрешни одлуки во 2015 година, неопходно е повторно да се воведе контрола на границата.