Регион 05. април 2020. / 11:51

Словенија има 20 нови заразени и шестмина нови починати од корона вирус

Словенија има 20 нови заразени и шестмина нови починати од корона вирус

Во изминатите 24 часа, лабораториите во Словенија потврдиле 20 нови случаи на лица заразени со корона вирусот.

Во земјата сега има вкупно 997 случаи на заразата, а направени се речиси 20.000 тестови.

На редовната тематска прес конференција на Владата, соопштија дека во саботата шест луѓе починале како последица на Ковид-19.

Хоспитализирани се 108 пациенти, од кои 31 се на одделот за интензивна нега.

Инфектолозите сметаат дека причина зашто има уште нови случаи на заразени е поради дружењата кои се одвиваат во приватни домови и куќи. Тие уште еднаш ги повикаа граѓаните да одат на гости и да не примаат гости, бидејќи само со максимална изолација ќе може државата час поскоро да се врати во нормален колосек.