Регион 26. декември 2018. / 10:39

Словенија го празнува денот на независноста и единството

Словенија го празнува денот на независноста и единството

Во спомен на одлуката за независна Словенија во 1990 година, денеска оваа држава го слави денот на независноста и единството.

Оваа година поминуваат 28 години, кога на 23 декември, над 90 проценти од гласачите се одлучиле за независност на Словенија. Резултатите уредно биле разгледани и три денови подоцна биле објавени, па 26 декември и официјално беше прогласен за државен празник, ден на независноста и единството.

На референдумот гласале 93,2 проценти од гласачите, од кои 95 проценти се изјасниле за независност, или 88,5 проценти од сите граѓани.

Дека референдумот беше успешен, се знаело уште по 22 часот, кога биле изброени 60 проценти од гласовите. Претседателот на Демос Јоже Пучник, потоа ја прогласи независноста на Словенија до Југославија.

Како и секоја година, вратите на претседателската канцеларија се отвораат, а пред Претседателската палата, се постројува почесната гарда на Словенечките вооружени сили.