Словенечката Влада донесе одлука повторно да се отворат сите продавници во земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Дополнително од 25 мај повторно ќе можат да работат и затворените културни установи како театрите, а ќе биде дозволено и организирањето на музички концерти, објавија од Министерството за култура.
Сепак, остануваат обврските да задолжителна дезинфекција на рацете и задолжително носење на заштитна маска во затворени објекти.
Со одлуката на Владата и понатаму не смеат да работат поголемите хотели, базените, фитнес центрите и ноќните клубови.