Регион 17. април 2020. / 17:45

Словенија ги отвора продавниците за градежни материјали, сервисите и работилниците

Словенија ги отвора продавниците за градежни материјали, сервисите и работилниците

Словенечката Влада одлучи од понеделник повторно да ги отвори специјализираните продавници за градежен материјали и некои сервиси и занаетчиски работилници.

Со одлуката повторно ќе стартуваат со работа и сервисите за хемиско чистење, вулканизерите, специјализираните продавници и сервиси за велосипеди и некои работници.

Како и во аптеките и маркетите, предност да ги користат услугите на овие компании ќе имаат постарите лица, односно лицата над 65 години. Времето од осум до осум и пол наутро ќе биде резервираносамо за нив.

Ова постепено укинување на ограничувањата е најавено откако податоците покажаа дека во Словенија има се помалку граѓани што се заразуваат со корона вирусот.