Регион 14. март 2020. / 14:23

Словенија формира кризен штаб за борба против корона вирусот

Словенија формира кризен штаб за борба против корона вирусот

Новата словенечка Влада одлучи да се формира кризен штаб кој би ги координирал мерките во борбата против корона вирусот. Со штабот ќе управува новиот премиер Јанез Јанша.

Владата под негово раководство одржа и итна седница на која разговарале за дополнителните мерки во спречувањето на ширењето на заразата. Јанша и министрите на почетокот на владината седницата носеа заштитни маски кои набрзо ги извадија, а целта како што објаснија подоцна, било практично да им се покаже на граѓаните како да се заштитат од вирусот.

Во исчекување на новите бројки на лица заразени со корона вирусот, кои сега се соопштуваат еднаш дневно, новиот министер за одбрана Матеј Тонин како лажни вести ги оцени информациите дека Љубљана е пред воведување на строг карантин и додаде дека новиот кризен штаб ќе прави проценка, кога, каде и како да се реагира.