Најголемиот центар од овој вид во Словенија, може да се пофали со примена на најмодерни технологии за складирање на отпадот, со минимално влијание врз животната средина. Уште во 2012 година, потпишан е договор за неговата изградба, а градежната дозвола е обезбедена во мај 2014.
Изведувач на работите бил австрискиот конзорциум Strabag, при што на крајот на 2015 година центарот веќе почнува со работа. Модерните технолошки решенија вклучуваат производство на биогас со кој се задоволуваат енергетските потреби, компостирање и други опции соодветни за циркуларната економија.
Собраниот отпад од цела Словенија, од неодамна завршува во оваа современа фабрика каде се ситни и просејува, се одвојуваат тешките фракции од органскиот отпад, кој се третира како квалитетно гориво за цементната индустрија или за одгледување на растенија.
Тешките фракции завршуваат во биолошките реактори каде во рок од две седмици се добива биогас. Биогасот е погонско гориво за три нови сетови мотор-генератор, преку кои се генерира електрична и топлинска енергија. Стручњаците истакнуваат дека се работи за еден од најмодерните европски центри за постапување со отпадот.