Регион 18. април 2020. / 12:15

Словенечкиот Уставен суд ја стави по лупа мерката за ограничување на движењето

Словенечкиот Уставен суд ја стави по лупа мерката за ограничување на движењето

Словенечкиот Уставен суд нареди словенечката Влада веднаш да ја испита оправданоста на мерката за ограничено движење, воведена за да се спречи ширењето на корона вирусот, како и да се анализира оправданоста за спроведување на таа мерка секоја недела.

Барањето се однесува на мерките усвоени на 29 март и измените донесени на 14 април, кога беше воведен полициски час во целата држава.

Уставниот суд го суспендираше членот 7 од владината уредба, во кој е утврдено дека мерките ќе останат во сила се додека не престанат „причините за нивното воведување“, бидејќи тоа остава владата да процени кога мерките би можеле да бидат укинати.

Суспензијата ќе остане во сила се додека судиите на Уставниот суд не дефинираат одржлива одредба, а во меѓувреме, владата е должна секоја недела да ја анализира оправданоста за продолжување на вонредните мерки. Словенечката опозиција ја поздрави одлуката на Уставниот суд.