Регион 15. февруари 2019. / 10:09

Словенечки пратеник поднесе оставка откако украл сендвич од маркет

Словенечки пратеник поднесе оставка откако украл сендвич од маркет

Пратеникот од владејачката словенечка партија ЛМШ, Дарио Крајчич поднесе оставка, откако украл сендвич од маркет.

Крајчич на барање на премиерот Марјан Шарец поднел оставка откако од маркет зел сендвич без да го плати.

54-годишниот пратеник рекол дека одлучил да ја напуштат продавницата без да плати бидејќи чекал на касата три минути, иако имало тројца вработени.

– Се почувствував како да сум невидлив ветар. Жалам за социјалниот експеримент што го направив. – прокоментира Крајчич, кој си заминал со сендвичот незабележано а во меѓувреме се вратил повторно за да го плати сендвичот.

По реакциите во јавноста, партиското раководство го осуди чинот како неприфатлив и побара пратеникот да си поднесе оставка.