Словенечката Влада, преку Твитер, ја нападна Хрватска поради мерките усвоени по избивањето на епидемијата на Ковид-19.
– Мерките кои ги воведува Хрватска не се ефикасни и се економски штетни, порача словенечката Влада, без да прецизира за кои мерки смета дека се проблематични.
Ukrepi, kot jih izvaja Hrvaška niso učinkoviti in povzročajo gospodarsko škodo.
— Vlada Republike Slovenije (@vladaRS) February 27, 2020
Но, словенечкиот премиер Марјан Шарац на денешната владина седница упати критики за активностите на Хрватска на границата, каде се проверува дали некој е заразен од новиот коронавирус.
– Ги прашуваат возачите од каде доаѓаат и земаат брис. Како резултат на тоа се создава метеж на границата. Кај Обрежје кон Хрватска колоната е долга 12 километри, истакна Шарец, оценувајќи дека таквата мерка нанесува економска штета.
Инаку, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска престојува во Словенија, каде се очекува да има разговори и на оваа тема.