Регион 25. декември 2019. / 19:45

Словенечката полиција ги отфрла обвинувањата дека има дискриминирачки однос кон мигрантите

Словенечката полиција ги отфрла обвинувањата дека има дискриминирачки однос кон мигрантите

По обвинувањата кои пристигнаа за односот на словенечката полиција кон мигрантите од полицијата јавно објаснија дел од насоките за тоа како нејзините припадници треба да ги третираат мигрантите и азилантите, но и за начинот на кој словенечката и хрватската полиција ја чуваат заедничката граница.

Со одлука на Управниот суд кон средината на месецот, словенечката полицијата јавно објави дел од правилниците за заштита на границата и третманот на мигрантите, но потоа следуваа голем број критички коментари, што е главната причина полицијата јавно да одговори на истите, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Одговорајќи на обвинувањето дека и предала дел од суверинитетот за чување на границата на хрватската полиција, од словенечката полиција објаснуваат дека делумното објавување на стратегијата за обезбедување на границата предизвикало забуна кај јавноста. Тие потсетуваат дека Словенија е потписник на договор за мешовети словенечко-хрватски патроли за чување на границата, а тие одредби требало да се почитуваат, со што го отфрлија сите обвинување на нејзина сметка.

Во однос на обвинувањата дека полицијата имала дискриминаторски однос кон мигрантите поради нивната етничка припадност, објаснувањето е дека се следат правилниците за ограничувањето на движењето за мигрантите, а се правело со цел да се спречи злоупотреба на системот за меѓународна заштите и дека тоа е дел од европското законодавство.

Според статистичкита податоци на полицијата, од април 2018 до октомври оваа година, речиси 23.000 лица биле спречени нелегално да ја преминат границата и да влезат во Словенија. Од нив 8200 веднаш кажале дека сакаат да добијат меѓународна заштита, додека 2700 аплицирале за азил. 2500 мигранти, самоволно ги напиштиле објектите каде што биле сместени додека се решавало нивниот статус.