Словенечка паравоена формација „Штаерска гарда“ патролира на границата со Хрватска, а како што вели нејзиниот лидер, Андреј Шишко, не пресретнуваат илегални мигранти, туку ја известуваат полицијата за нивното присуство.
Британската агенција Ројтерс пренесува дека припадниците на „Штаерска гарда“ носат маскирни униформи и вооружени се со воздушни пушки. Ги има околу 50-на на број, а меѓу нив и неколку жени.
На чело на групата е Шишко, кој во исто време е и лидер на националистичката партија „Гибање Зедињена Словенија“, која досега не успеа да влезе во парламентот. Тој верува дека службените власти не ја штитат добро Словенија од, како што вели, мигрантската закана па затоа ја основал Штајерска и Краинска стража.

Шишко е инаку и поранеше водач на навивачите на фудбалскиот клуб Марибор, а како кандидат на крајната десница се појави и на претседателските избори во Словенија.