Регион 17. февруари 2020. / 12:46

Словенците поддржуваат предвремени парламентарни избори

Словенците поддржуваат предвремени парламентарни избори
U Sloveniji su jutros otvorena birališta na kojima više od 1,7 miliona građana s pravom glasa na drugim prijevremenim parlamentarnim izborima u posljednje tri godine odlučuje o novom sazivu parlamenta. (Aleš Beno - Anadolu Ajansı)

Речиси 60 отсто граѓаните на Словенија сметаат дека предвремените парламентарни избори се добри за излез од политичката криза во земјата, покажува испитувањето на јавното мислење кое го направи „Вокс попули”.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, според истото испитување, претседателот на државата Борут Пахор се уште е најпопуларен политичар во Словенија.

Во однос на политичките партии најголема поддршка Словениците даваат на партијата Словенечката демократска партија на Јанез Јанша. Доколку денес би се одржале изборите за оваа партија би гласале 19,6 отсто од граѓаните со право на глас.

На второ место е партијата на премиерот во оставка Марјан Шарец ЛМШ (Листа на Марјан Шарец) со 17,1 отсто.

Трета на листата е СД (Социјални демократи) со поддршка од 8,2 отсто од гласачите.

Ова испитување на јавното мислење доаѓа пред се по извесните предвремени парламентарни избори во земјата.