Над 100 државјани на Словенија ја искористиле можноста и отпатувале во Хрватска, користејќи ја одлуката на властите во Загреб да дозволат влез на жители на земји од Европската Унија кои имаат имот или работат во земјата.
Голем број Словенци имаат викендици или имот во Хрватска, но поради епидемијата на корона вирусот не можеа да патуваат таму да видат во каква состојба се. Со договор меѓу двете земји од денеска тоа е дозволено.
Портпаролот на словенечката Влада, Јелко Кацин, изјави дека земјата официјално ќе побара покрај сопствениците, да можат да патуваат и членовите на нивните семејства, додаваќи дека нема логика дозвола да добие само лицето чие име се наоѓа на имотниот лист.
Првите сигнали од Загреб се дека набрзо тоа ќе биде дозволено.
Инаку, хрватската Влада соопшти дека најверојатно границите на земјата за граѓани од други држави ќе бидат отворени од 15 јуни.