Потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љутфи Хазири изјави дека косовскиот премиер Албин Курти првите разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги води следниот месец во Берлин и Брисел.
Според Хазири, состаноците се подготовка за Самитот во Загреб.
– Треба да видиме дали Косово и Србија ќе се подготват за Самитот во Загреб за време на своите средби во Берлин и Брисел следниот месец – истакна Хазири.