Словенија ја тресе невиден скандал откако се објавени снимки со вооружени групи и маскирани луѓе во Марибор, кои наводно се припремаат за одбрана на границите.
Поранешниот словенечки претседателски кандидат и заговорник за независна штајерска држава, Андреј Шишко, пред словенечките медиуми се претстави како лидер на „Штајерската гарда“ и најави нереди во Словенија.
Словенските ултрадесничари кои што се претставуваат како припадници на таканаречената „Штајерска гарда“, на социјалните мрежи објавија фотографии и видео снимки од воената обука која што засега се одвива на непозната локација во шума во Словенија.
На снимката се гледаа построени и маскирани мажи, а на социјалните мрежи од оваа паравоена групација порачаа дека се обучуваат за пресметка со муслиманите и левичарите. Од „Штајерската гарда“ најавија „жешка есен“ и демонстрации кои што „Словенија ќе ја претворат во Венецуела“.