Регион 15. јули 2020. / 09:40

СИРИЗА: Владата испраќа пораки на опуштеност во период кога се зголемува бројот на нови случаи на Ковид-19

СИРИЗА: Владата испраќа пораки на опуштеност во период кога се зголемува бројот на нови случаи на Ковид-19

Грчката опозициска партија СИРИЗА предупреди дека наместо да има зголемена претпазливост, Владата испраќа пораки на опуштеност, во исто време кога се зголемуваат случаите на корона вирусот.

Според СИРИЗА, тоа ги потврдува противречноста и неодговорноста на кои се темелат Владините одлуки.

Коментирајќи ги последните владини одлуки, од СИРИЗА потенцираат дека Владата и премиерот Кирјакос Мицотакис мора да сфатат дека јавното здравје и туризмот, „не можат да бидат поле за експериментирање“ и потребна е сериозност и доследност.

Откако не се залагаше за тестови пред пристигнувањето на грчките аеродроми; откако не усвои унифицирани епидемиолошки критериуми за контрола на сите влезни точки во земјата; откако, вон секоја логика, ги дозволи панаѓурите, а вчера побрза да ги забрани; откако ја игнорираше препораката на експертската Комисија и ја укина задолжителната употреба на маска во трговските центри и моловите, без да се потруди да ги објасни причините, сега, брза да ги прибере последиците од нејзината непредвидлива тактика под опасноста од ново неконтролирано разгорување на пандемијата – соопштуваат од СИРИЗА.