Бегалец од Сирија, со нож смртно ја повредил неговата сопруга во бегалскиот камп Лаврио во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Инцидентот се случил синоќа.
По инцидентот жената веднаш била пренесена во болница, каде што лекарите констатирале смрт, додека пак нејзиниот сопруг побегнал и полицијата трага по него.