Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека неговиот син Данило е заразен со Ковид-19 и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград, објави „РТС“.
„Кога почна сè, мојот Данило ми рече дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква за да биде примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, сите те сакаме“, напиша Вучиќ.