Регион 30. јануари 2021. / 11:18

Синоќа убиен синот на еден од организаторите на убиството на Аркан

Синоќа убиен синот на еден од организаторите на убиството на Аркан

Синоќа во Белград е убиен синот на поранешниот водач на криминалниот клан Раковица, Зоран Ускоковиќ Сколе, убиен во 2000 година, јавуваат белградските медиуми.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека безживотно тело на 22-годишен маж, со повреди од огнено оружје, било пронајдено на улицата Борска во белградската општина Раковица, на влезот во магацинскиот простор на една продавница.

Утрово Брзата помош за Танјуг изјави дека безживотното тело на мажот кој бил застрелан е пронајден во близина на продавницата „Макси“ на улицата Борска во Белград утрово во 5.29 часот.

Зоран Ускоковиќ Сколе, кој се споменува како еден од организаторите на тројната ликвидација од 15 јануари 2000 година, кога во „Интерконтинентал“ беа убиени Жељко Ражнатовиќ Аркан, Миленко Мандиќ и Драган Гариќ, беше убиен нешто повеќе од три месеци подоцна.