Регион 28. септември 2018. / 11:31

Силно невреме во Грција: Летовите одложени – ветерот корнел дрвја (ФОТО)

Силно невреме во Грција: Летовите одложени – ветерот корнел дрвја (ФОТО)

Поради силниот ветер кој вчера попладне погоди делови од Грција властите мораа да затворат многу училишта, бројни траекти не сообраќаа, а летовите беа одложени.

Според локалните медиуми, ветерот корнел дрвја кои паѓале врз далекуводите во предградието на Атина, а пожарните служби примиле над 350 повици за помош. Од силниот ветер се урна минарето минарето на џамијата Аслан-паша во Јанина, кое датира од 17 век. Властите во оштината Сароник, во близина на Атина, на островите Закинтос, Андрос и Миконос наредија училиштата да останат затворени.