Во фабрика за бои и лакови во близина на Ужице денеска околу 10,30 часот изби пожар, објавија српските медиуми.
Според досегашните информации, нема повредени ниту животно-загрозени лица во инцидентот.
Медиумите пренесуваат дека на пожарот му претходеле две силни експлозии. Пожарникарни екипи веќе пристигнале на терен, а над градот се шири густ чад.