Регион

Силна експлозија покрај градинка и училиште: Фрлена бомба врз автомобил во Дубровник (ВИДЕО)

Силна експлозија покрај градинка и училиште: Фрлена бомба врз автомобил во Дубровник (ВИДЕО)

Во Дубровник утрово околу 3.35 часот ссе случи експлозија покрај градинка и основно училиште.

Според првите информации, возилото марка „опел вектра“ со дубровничка регистерска ознака е потполно уништено.

Сообраќајот е потполно запрен, а криминалистичката полиција на терен врши истрага.

Од Полициската управа дубровничко- неретванска потврдија дека во едно возило уфрлена е експлозивна направа и дека експлозијата утрово се случила околу 3 часот, но повеќе детали не се соопштени.