Регион 25. октомври 2018. / 12:10

Сијарто: Унгарија предлага радикално забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Сијарто: Унгарија предлага радикално забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Унгарија се залага за радикално забрзување на европската интеграција на Западен Балкан, рече во Варшава унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Сијарто истакнал дека треба да се отворат сите преговарачки поглавја со Србија и Црна Гора и посочил на слабиот напредок во преговорите со ЕУ и Албанија.

„Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е безбедносно прашање за Европа“, рече Сијарто на тркалезна маса во средата, на маргините на Безбедносниот форум во Варшава, објави унгарската агенција МТИ.

Нерешените историски тензии меѓу народите во регионот можат да се решат само преку нов пристап, како што се новите форми на интеграција, посочи Сијарто.