Унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијартом, порача дека Унгарија ќе продолжи да ги вложува сите напори со цел унапредување на доближувањето на земјите од Западен Балкан до Европската Унија, што е во економски, стратешки и безбедносен интерес на Унгарија,
Сијарто ја испрати пораката преку социјалните мрежи по разговорот со неговиот црногорски колега, Срѓа Дармановиќ.
Сијарто додава дека унгарското Министерство за надворешни работи веќе назначило експерти за интеграција, кои ќе работат со владите на земјите од Западен Балкан, кои се во преговори за членство во ЕУ.