Снимка од крштевањето во грчката православна црква во Кипар која неодамна е објавена на социјалните мрежи, ја шокираше јавноста.
Имено, снимката покажува грчки православен свештеник како многу насилно крсти едно беде, додека деца во позадината исплашено гледаат.
Родителите на детето не делуваат ни малку вознемирено, но снимката покрена лавина негативни коментари.
„На ова бебе може да му настрада мозокот вака!“, коментираше една корисничка.
„Крштевка? Ова повеќе личи на обид за убиство“, е еден од коментарите.
Многумина се сложија дека ова е најнасилното крштевање кое некогаш го виделе.
Се верува дека снимката настанала во грчката православна црква Аја Напи во Кипар.
Да потсетиме, минатата година на интернет се појави видео на кое се гледа како свештеникот става рака преку устата на бебето за да не плаче во текот на крштевката.