Претставникот на ветераните на УЧК, Насим Харадинај изјави дека не се плаши од Специјалниот суд, откако јавно призна дека убивал српски војници.
Насим Харадинај, инаку е близок роднина на косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Тој во емисијата „Фронтал” изрази револт поради формирањето на специјален Суд за злосторствата на УЧК.
-Убивав српски војници секогаш кога имав можност. Им велам на семејствата дека ми е жал што не убивав онолку колку што сакав. Жал ми е.. што ми се убиени пријатели, но ми е мило што убивав Срби – рече Харадинај.
Насим Харадинај е потпретседател на Здружението на ветерани на УЧК , а на почетокот на годинава беше меѓу најголемите заговорници за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства на УЧК во текот на војната на Косово во деведесетите.