Шест лица се повредени, а четири се уапсени во тепачка што се случила во мигрантски камп во Солун, соопшти грчката полиција.
До тепачката дошло синоќа во кампот „Лагадикија“ и во неа учествувале 250 мигранти од Сирија и Алжир.
Според наводите на сириските мигранти, група Алжирци вознемирувале една Сиријка, а тепачката набргу се проширила во целиот камп.
Учесниците во тепачката користеле ножеви и штици.
Зголемениот прилив на мигранти и бегалци од Турција на североисточниот брег на Грција предизвика пренаселеност во камповите на северот во Грција.