Регион 23. декември 2019. / 10:29

Шестмина исчезнати во превртен чамец со мигранти во Дунав

Шестмина исчезнати во превртен чамец со мигранти во Дунав

Шест лица се водат за исчезнати, од кои четворица возрасни и две деца, откако се превртел чамец полн со мигранти во Дунав, кај селото Куравуково, во Општина Оџаци.

Во чамецот имало од 10 до 15 мигранти, кои се обидувале да преминат од Србија во Хрватска.

Двете деца и четирите возрасни лица се водат за исчезнати, додека останатите мигранти успеале да допливаат до брегот.

Потрагата по исчезнатите е во тек, соопштија српските власти.