Регион 03. мај 2020. / 19:06

Шест новозаразени со Ковид-19 во Грција

Шест новозаразени со Ковид-19 во Грција

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани само шест новозаразени лица со Ковид-19 и еден смртен случај, со што вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во земјата се зголеми на 2.626 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 144 луѓе.

Според денешните податоци од Министерството за здравство на Грција, приклучени на респиратори во грчките болници се 37 лица, а 78 пациенти се отпуштени од одделите за интензивна нега.

Досега во Грција направени се 79.332 теста на коронавирус.