Регион 06. јули 2020. / 23:45

Шест лица починаа од Ковид-19 во Србија, 289 новозаразени

Шест лица починаа од Ковид-19 во Србија, 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти Министерството за здравство.

Официјалниот број на починати е 317, според веб-страницата covid19.rs. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 7.872 се тестирани за коронавирус, а регистрирани се 289 нови случаи. На респиратор има 93 лица.

Во Србија се потврдени 16.420 случаи на инфекцијата. Стапката на морталитет е 1,93 проценти.Има вкупно 2.737 активни случаи.

Во земјата е прогласена вонредна состојба во 12 општини.