Инфектологот и првиот човек на кризниот штаб во Грција, Сотириос Циодрас, на прес-конференција истакна дека освен високата температура, сувата кашлица и тешкотии во дишењето, некои заразени пациенти со Ковид-19 развиваат и дисфункција на менталниот капациет, како што е летаргијата, епилепсијата, па дури и мозочниот удар.
Циодрас посочил дека околу 15 проценти од заразените пациенти кои развиваат потешки симптоми од коронавирусот, можат да имаат невролошки оштетувања предизвикани од заразата.
– Коронавирусот по сè изгледа го погодува мозокот и нервниот систем кај 15 проценти од потешко болните пациенти. Познато ни беше дека ковид-19 може да го зафати мозокот и да предизвика воспаление, а проблемите со намалувањето на кислородот во мозокот може да влијаат врз неговата функционалност. Слични случаи забележавме и кај дел од пациентите кои се заразиле со сезонскиот грип – истакнал Циодрас.