Регион 03. декември 2018. / 12:09

Шатри: Царините ќе се укинат кога Србија ќе го признае Косово

Шатри: Царините ќе се укинат кога Србија ќе го признае Косово

Советникот за економија на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, Хаки Шатри, изјави дека одлука за царините од 100 отсто на производи од Србија и Босна и Херцеговина останува на сила се додека двете земји не го сменат својот став кон Косово, објави РТВ 21.

Тој оцени дека меѓународната заедница треба да биде објективна и непристрасна во врска со ова прашање. Според Шатри, Србија континуирано ги прекршува ЦЕФТА и Спогодбите за стабилизација и асоцијација.

Царината ќе биде укината кога Србија ќе го признае Косово како суверена и независна држава, повтори севетникот за економија на косовскиот премиер