Перспективата за членство во ЕУ можеби веќе не е доволна за да осигури безбедност и стабилност на Западен Балкан и ЕУ треба да ја потисне руската пропаганда и подобро да го „прикаже“ своето ангажирање и влијанието на своето присуство во регионот, вели Греам Вотсон, член на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ).
Понатаму сер Вотсон вели, дека не треба да се биде теоретичар на заговор за да се забележи сè поочигледното присуство на Русија на прагот на ЕУ. Денес Русија се натпреварува со ЕУ за улога на Западен Балкан, активна е дури и во земјите-членки на ЕУ во регионот, градејќи влијание врз основа на блиските историски и културни врски и користејќи ги политичките и економските проблеми за да го прошири своето влијание, вели тој.
Сер Вотсон проценува дека извештаите за напредокот кон ЕУ, кои треба да бидат објавени на 17 април, ќе покажат дека поддршката за членството во ЕУ на Западен Балкан останува силна, но подложна на ерозија.
Затоа перспективата за членство можеби веќе не е доволна за Западен Балкан, па ЕУ треба да ја потисне руската пропаганда и подобро да го „изрекламира“ своето ангажирање, како и влијанието на своето присуство во регионот, вели Вотсон, додавајќи дека ЕУ има потреба од нов, посигурен пристап кон Западен Балкан.
Дострелот на Русија се забележува од Тираспол (Молдавија) до Тирана. Mешањето на Москва функционира и јавната поддршка за пристапување во ЕУ во регионот е во опаѓање, пишува сер Вотсон.