Регион 12. декември 2019. / 15:51

Семејствата на српските жртви на Косово побарале Хандке да добие улица и споменик во Белград

Семејствата на српските жртви на Косово побарале Хандке да добие улица и споменик во Белград

Семејствата на српските жртви на Косово денеска побарале од претседателот Александар Вучиќ и од премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, писателот Петер Хандке, овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература, да добие улица и споменик во Белград, пренесува „Спутник“.

Тие сметаат дека Хандке заслужува една улица да го носи неговото име и државата да му изгради споменик како за борец за вистината и правдата.

Здружението наведува дека Хандке ја препознал вистината и ја осудил неправдата и дека јавно зборувал за страдањата на Србите и за злосторствата извршени над Србите во Косово.

-Затоа апелираме до српските државници, бидејќи еден ваков борец за вистината заслужува и улица и споменик во Белград – се наведува во соопштението.