Голема семејна трагедија се случила во Лесковац, во која се убиени четири лица. Меѓу убиените имало еден маж, неговата сопруга и две ќерки на возраст од 18 и 12 години.и бремена жена, пренесуваат медиумите во Србија.
Убиствата се случиле во семејниот дом на жртвите, а за нив е уапсен 22-годишниот Милошп И. Тој се сомничи дека, најверојатно со секира, го убил својот татко Предраг, по што им пресудил и на својата сестра Ана, како и на вонбрачната сопруга на татко му, Ана Р. и нивната малолетна ќерка.
Како што објавуваат медиумите, Милош бил поранешен пациент на психијатриска болница.
Трагите на насилство околу куќата не биле видливи, а никој од соседите не слушнал ништо кога се случувал масакрот.
Еден од полицајците што влегол во куќата каде што се случила трагедијата, изјавил „Местото е ужасно“.