Регион 11. ноември 2020. / 20:21

Семејна трагедија во БиХ, со бомба ја разнел сопругата, а потоа се избодел со нож 13 пати

Семејна трагедија во БиХ, со бомба ја разнел сопругата, а потоа се избодел со нож 13 пати

Семејна трагедија во Босна и Херцеговина, со бомба си ја разнел сопругата, а потоа се избодел со нож.

З.Р. (61) од Кражево во Босна и Херцеговина, почина вчера откако ја уби нејзиниот сопруг С.Р. (61): Активирал рачна бомба во семејната куќа во Матужиши, а потоа се обидел да се самоубие.

Во експлозијата се здобил со тешка повреда на раката, а со нож си нанел сериозни повреди.

– Денеска е извршена обдукција врз жртвата. Човекот претрпел повреди опасни по живот и веднаш е згрижен во Општата болница Тежањ, каде е под полициски надзор, изјави дежурниот оперативен МУП на кантонот Зеница-Добој, пренесуваат таможните медиуми.

Според Аваз, тој самиот си нанел 13 убоди. Тој бил спасен во обид да си го одземе животот од еден од соседите, кој го видел како се прободува во стомакот пред гаражата по експлозијата.

Според неофицијални информации, злосторството се случило по брачни расправии. Поради заканите кои и ги упатил, жената ја напуштила семејната куќа во која живеела и отишла во куќата на нејзината ќерка, која работи во Германија со нејзиниот сопруг.