Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 11.190 лицаод кои 2.559 биле позитивни на корона вирусот, а починале 43 лица.
Во моментов 288 пациенти се приклучени на апарати за дишење, а низ целата земја се се хоспитализирани 9.728 заразени лица.
Стапката на смртност изнесува 0,93%.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 328.619 случаи на инфекција, а тестирани се 2.253.975 примероци. Се проценува дека короната ја прележал секој трет жител на Србија.