Регион 09. ноември 2020. / 10:48

Секој ден во Германија одат по 230 Балканци

Секој ден во Германија одат по 230 Балканци

Во 2019 година, во Германија се издадени 85.434 дозволи за престој за жителите на Западен Балкан.

Кога таа бројка ќе се подели на  365 дена, доаѓаме до пресметката дека нешто повеќе од 230 Балканци одеа во најсилната економија на Европската унија секој ден.

Нема податоци за националноста, но може да се процени до одреден степен.

Според податоците на Евростат, БиХ (14,1 процент) и Србија (14,4 проценти) имаат најнизок сооднос на дозволите за прв долгорочен  престој,  а највисок е Албанија (219,2 проценти).

Само во Германија живеат и работат околу 450.000 Срби, кои главно се занимаваат со работни места во градежништво, угостителство, хигиена, но и со здравствена заштита на стари лица.

Најчесто, тие се вработени во помали компании од областа на угостителството и производството, но и во здравството, металната индустрија, градежништвото, земјоделството, услугите за чистење.

Највисоки плати, до 4.000 евра, заработуваат професионалните возачи.  Одржување на куќа  чини 30 евра на час, работниците од обезбедувањето можат да заработат 1.800 евра месечно, а вработените во кланицата најмногу до 2.000 евра. Медицинските сестри добиваат 2.300 евра месечно, а медицинските сестри за стари лица 1.800 евра.