Регион 21. октомври 2019. / 12:24

Седумстотини азилaнти ќе бидат префрлени од островот Самос во континентална Грција

Седумстотини азилaнти ќе бидат префрлени од островот Самос во континентална Грција

Во текот на деншниот ден треба да бидат пренесени околу 700 баратели на азил од островот Самос до атинското пристаниште, од каде ќе бидат прераспределени во други делови од Грција.

Процест на преместув ање на азилантое ќе продолжи и во наредните денови, за кога е предвидено преместување на дополнителни 300 мигранти, објавија локалните медиуми. Причина за овие активности е тоа што овој грчки остров се соочува со сериозни проблеми со прекумерен број бегалци и мигранти.

Според пописот од 2011 година, во градот Самос на истоимениот остров, живеат 6.191 жител, додека, пак, во прифатниот центар што се наоѓа во непосредна близина, наменет за 648 лица, престојуваат 5.968 бегалци и мигранти.

Во знак на протест за ситуацијата на островот, со одлуката на општина Самос денеска затворени се општинските служби, со исклучок на градинките и комуналната служба, а паралелно ќе се одржат и демонстрации.

Општинските служби беа затворени и во петокот, а тогаш протестираа и барателите на азил, но и учениците од средното техничко училиште.

Градоначалникот на источен Самос, Јоргос Станѕос, упати порака до жителите на островот масовно да учествуваат на протестот закажан за попладнево. Вели дека во последните години островот, а особено градот Самос „првпат живее трагична криза“, сменет е нормалниот живот на граѓаните, а доведена е во прашање безбедноста на жителите, на децата, на посетителите, на бегалците и мигрантите.