Седумнаесетгодишно момче се удавило во алва парк во Јаково, Србија. Како што пишуваат локалните медиуми, момчето вчера околу 19 часот нуркало во водата која била длабока само 150 сантиметри и одеднаш потонало. Капачите и спасувачите го извадиле од водата а лекар кој се нашол на местото веднаш се обидел да го реанимира но не успеал.
Од што починало 17 годишното момче ќе треба да каже обдукцијата. Очевидци велат дека при реанимацијата од неговата уста излегувала крв.
Семејството на момчето е во шок. За српските медиуми велат дека 17 годишниот А.Т. бил во одлична физичка кондиција и немал историја на болести. Додаваат дека бил одличен пливач и дека нема никакви шанси да се удавил во толку плитка вода, особено ако се знае дека бил висок над 180 сантиметри.
Очевидци велат дека момчето воопшто не се давело, туку само потонало и не излегло на површината.