Во предградие на Атина денеска беа откриени седум бомби од Втората светска војна, кои биле успешно отстранети и уништени од страна на тим за експлозиви од грчката армија.
Според агенцијата АНА, за време на работа на пат во Илион, западно предградие на грчкиот главен град, биле пронајдени седум бомби од над 50 килограми и две мински запалки.
Операцијата за отстранување била успешно извршена, а пронајдениот експлозивен материјал бил уништен на воено стрелиште во близина на Атина.