Министерството за здравство на Грција доцна синоќа потврдени три нови жртви од коронавирусот во Грција, додека пак грчките медиуми, меѓу кои и грчката новинска агенција АНА-МПА, доцна синоќа објавија дека починало уште едно лице – 93 годишна жена хоспитализирана во болницата во Патра.
Доколку оваа информација биде и официјално потврдена на денешната редовна прес конференција во надлежното министерство, тогаш бројот на жртви во Грција се искачи на десет.
Вчера беше регистриран 31 нов случај на Ковид-19 со што бројот на потврдени случаи во Грција достигна до 495.
Хоспитализирани се 90 лица, 20 се приклучени на апарати, а 19 се пуштени од болница.
До сега во Грција биле анализирани над 7.200 примероци, а од потврдените случаи повеќето се во Атина.
Патување на грчките острови дозволено само за постојаните жители, затворени мобилните пазари, забрана за пловидба на приватните јахти, затворени паркови во Атина, се дел од новите мерки кои денеска стапуваат во сила во Грција.